Во секој спортски клуб има и позитивни, убави работи што се случуваат, па и во Фудбалскиот клуб Победа. Во прилепскиот второлигаш убава вест е таа што информира дека на тренинзите присутен е Кристи Крајоски. Овој млад, 19-годишен фудбалер, еден од најдобрите во екипата, на претходниот меч, во саботата, против радовишки Детонит, падна во 77. минута, по што му беше укажана лекарска помош. Медицинските служби се погрижија да нема нарушување на неговото здравје, а дека се е во најдобар ред се гледа и деновиве, со неговото присуство на тренинзите. Сепак, дали ќе настапи на утрешното гостување во Виница, кај Слога, неизвесно е и на одговорот треба да се причека до стартот на овој меч.
Во врска со кадетско-младинскиот состав на Победа, симпатизерите прашуваат и за отсутвата на други првотимци, како Андреј Петрески, Давид Дебрешлиоски, Бојан Смилески, додека за Гоце Кузманоски се знае дека има црвен картон, добиен токму на мечот со Детонит.