Претстои последното 8. коло од основниот дел на Плејофот (Топ 8) фазата на Првата лига на Македонија. Во ОУ „Добре Јованоски“ утре (сабота) од 17 часот е дуелот Мега баскет – Борец баскет, прилепскиот против велешкиот тим. Гостите се борат за пласман во полуфиналето од Плејофот, а домашните за да покажат дека имаат висок квалитет. И овој дуел заслужува многу публика на трибината. Други двојки: Водно санс – Бутел, Вардар – Соколи и Охрид – Струмица.
Табела: Соколи и Струмица 23, Бутел и Борец баскет 22, Вардар 18, Мега баскет 17, Охрид 16, Водно санс 15.
Претходно во истата сала на ОУ „Добре Јованоски“, утре (сабота) од 14 часот, во рамките на Младинската лига на Македонија до 18 години, прилепскиот Мега баскет игра со тетовскиот Тетекс.