Денеска е завршницата од Петнаесеттиот турнир во баскет „КГЈ3Х3“ во Прилеп, во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“. Почна во петокот, продолжи вчера, а денеска се мечевите за конечен пласман. Во сениорската категорија првакот се крие меѓу овие екипи коишто се пласираа во четвртфиналето: Велес – Неку, Кафе бар Читална – Рамен појас, Девет кила – Шар, Шут терапија – Дизниленд. Вкупно учествуваа 16 тима.


Покрај во сениорска, има мечеви во младинска конкуренција до 17 години, како и во новата категорија за корпорации.


Организаторите (Стефан Стевананџија, Стефан Костоски и Марио Маџоски) овозможија силни рефлектори, нова подлога за одигрување на натпреварите, а и удобни места за сместување на публиката.


