Утре, 6 септември, завршува летниот преоден рок за фудбалерите од државава, а денеска има најнови информации од Фудбалскиот клуб Победа. Прилепскиот второлигаш известува дека во своите редови прими уште петмина нови играчи. Прв е искусниот голман, најдобар спортист на Прилеп за 2018 – Дарко Тофилоски, чиј последен клуб му беше Беса од Добридол. Другите четворица нови се: Кире Наумоски (Големо Коњари), скопјанецот со прилепски корени Никола Павлески и кавадарчанецот кој патем помина пет месеци во Германија Глигор Шиков (двајцата од Вардар Неготино), како и талентираниот Лука Варошаноски (Брера Струмица). Сите се очекува да бидат предвид за утрешното второлигашко гостување на Победа кај Преспа во Ресен.
Претходно во овој преоден рок во Победа пристапија: Христијан Кукески (Големо Коњари), Лука Трајкоски и Давид Јошески (двајцата од Детонит Плачковица), Мохамед Ахмедов (Беласица), Игор Ѓорѓиев (Слога Виница), како и кадетот Давид Здравески (Пелистер).
Очигледно прилепскиот клуб има можност да се избори за опстојување во овие тешки времиња, а дали тоа ќе го постигне зависи од поддршката на градот и бизнис-секторот, компаниите, прилепчаните каде и да се… Колкава поддршка – толку силна Победа!
МОЛБА ЗА ПОМОШ!
