Од 18 до 28 септември во Бајина Башта се одржува Првата лига на Србија во машка конкуренција, со учество на 12 екипи: Новосадски (Нови Сад), Словен (Рума), Радник (Сурдулица), Јелица (Горачиќи), Деч (Деч), ПТТ (Белград), Рудар (Костолац), Змај (Белград), Пожега (Пожега), Југовиќ (Каќ), Нафтагас (Елемир), Црвена звезда (Белград). Во екипата Радник од Сурдулица ќе настапи велемајсторот Звонко Станојоски од Прилеп. Таму е член веќе неколку години, со придонес во прогресот на клубот од третолигашката во прволигашката конкуренција. Во екипата најавени се уште 11 шахисти: ВМ Иван Чепаринов (Бугарија), ВМ Роберт Маркус, ВМ Иван Иванишевиќ, ВМ Душан Поповиќ, ФМ Петар Спасиќ, ИМ Иван Шаренац, ФМ Небојша Ристиќ, Саша Вукашиновиќ, Ивица Веселинов, Слободан Милиќ и Светлана Тасиќ Веселинов (сите од Србија).
Во екипата Деч има уште еден Македонец, ИМ Тони Лазов.
Во првото коло Радник игра против Југовиќ, а Деч со Змај.