Плодоносно за Победа е 9. коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Во Струмица, Беласица – Победа 1:2. Тие што очекуваа, тие што не губеа надеж, беа во право – прилепската екипа пријатно изненади. На стадионот „Младост“ во Струмица прилепскиот тим прв даде гол преку Лука Трајкоски со одземена топка и соло-пробив за 0:1 во 14.минута. На почетокот од вториот дел, во 47. минута домашните израмнија преку Александар Коцев и почнаа борба за пресврт. Во таа борба, сепак, поуспешни беа гостите од Прилеп со небробојна одбрана, предводена од голманот Дарко Тофилоски. Во судиското надополнување, во 91.минута, Давид Дебрешлиоски со долга топка одвисоко го проигра капитенот Филип Димоски, кој втрча и во налет ја зафати топката, упатувајќи ја со лоб-удар над немоќниот голман во десниот агол, за конечен резултат 1:2. Победа го совлада третиот на табелата, на негов терен. Инаку, во Беласица се четворица прилепчани: Марио Дебрешлиоски, Бојан Спиркоски, Марио Наумоски и Анатолиј Петејчук. За овој меч информации нашиот медиум доби од Рубин Алексоски, службениот претставник на Победа.
ЗАПИСНИК: БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА 1:2
ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ: Големо Коњари: Големо Коњари – Брегалница Штип 0:2 (- Дамјан Масевски, Даријан Тасев), Преспа Ресен – Тетекс Тетово 3:1, Охрид – Саса Каменица 6:1, Скопје – Новаци 1:0, Детонит Радовиш – Вардар Неготино 3:1, Слога Виница – Кожуф Гевгелија 0:2, Шкендија (Арачиново). – Осогово Кочани 1:0.
ЗАПИСНИК: ГОЛЕМО КОЊАРИ – БРЕГАЛНИЦА Ш. 0:2
ТАБЕЛА: Брегалница Ш. и Шкендија А. 23, Охрид 18, Скопје и Детонит 17, Кожуф и Беласица 16, Осогово и Новаци 13, Саса и Победа 10, Вардар Н. 9, Тетекс 7, Преспа 6, Слога В. и Големо Коњари по 3.
СЛЕДНО 10. КОЛО: Победа Прилеп – Шкендија А., Новаци – Големо Коњари, Тетекс – Осогово, Кожуф – Беласица, Вардар Н. – Слога В., Брегалница Ш.– Детонит, Саса – Скопје, Преспа – Охрид.