Утре (вторник) од 13 часот се игра 14. коло од Втората лига, а прилепска Победа не се знае со каков тим ќе се појави на мечот во Неготино со Вардар. Причина е тоа што досегашните првотимци размислувале за неиграње поради тоа што немале добиено ниту една плата. Во таков случај најавен е комплет нов тим, младинскиот тим од клубот. Останува да се почека до утре, да се види дали нешто ќе се смени на позитивно, дали отстрана ќе се поддржи финансиски клубот во значајните моменти, за досегашните првотимци сепак да донесат одлука за настапување во Неготино.
Инаку, сите првотимци имале право на настап, ниеден немал проблем со црвен или жолти картони.
Потсетуваме дека дома на претходниот меч со Кожуф во записникот беа овие играчи за Победа:
Дарко Тофилоски, Мартин Талески (77. Гоце Петрески), Лука Варошаноски, Давид Паскоски (60. Мохамед Ахмедов), Давид Јошески, Димитар Шаркоски, Филип Димоски, Давид Дебрешлиоски, Гоце Кузманоски (86. Марио Тасески), Петар Петроски, Андреј Петрески (77. Леонид Митрески) – Владимир Зарески, Трене Тренески, Стефан М. Спиркоски, Виктор Анѓелевски.
ДВОЈКИ ЗА 14. КОЛО (вторник, 25 ноември во 13 часот): Вардар Н. – Победа, Скопје – Големо Коњари, Тетекс – Кожуф, Брегалница Ш. – Осогово, Новаци – Шкендија А., Саса – Беласица, Преспа – Слога В., Охрид – Детонит.
ТАБЕЛА: Шкендија А. 32, Брегалница Ш. 30, Охрид 27, Скопје 26, Беласица 25, Новаци 23, Детонит 21, Осогово и Кожуф 20, Саса 17, Тетекс 13, Преспа, Победа и Вардар Н. 10, Слога В. 4, Големо Коњари 3