Навистина никаква шанса немаше скопски Бутел во мечот со Прилеп. Иако претходно пласиран на шестата позиција на табелата, две места повисоко и со три бода повеќе, скопскиот тим цело време од мечот беше во минус десет и повеќе гола зад прилепскиот. Во еден момент беше и 12 разлика, 21:9, а конечниот резултат е 30:20. Како Прилеп да е тим од Лигата на шампионите. Најефикасни: Димитар Димитриоски 7, Томислав Квастек 6 (Прилеп) – Димитар Узунчев 6, Филип Николов 3 (Бутел).
РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО: Прилеп – Бутел 30:20, Тиквеш – Струга 32:25, Радовиш – Пролет 23:30, Еурофарм Пелистер 2 – Куманово 30:28, Охрид – Вардар 26:28, Еурофарм Пелистер – Алкалоид 26:26.
ТАБЕЛА: Вардар 28, Еурофарм Пелистер 24, Охрид и Алкалоид 21, Тиквеш 16, Еурофарм Пелистер 2 14, Бутел 13, Прилеп 12, Пролет 11, Струга и Куманово 4, Радовиш 0.
СЛЕДНО 15. КОЛО (6 декември): Пролет – Прилеп, Охрид – Еурофарм Пелистер 2, Вардар – Тиквеш, Струга – Еурофарм Пелистер, Алкалоид – Радовиш, Бутел – Куманово.