Дознаваме дека пристигнале четири-пет благовремени понуди за ангажман на досегашниот прв капитен на прилепскиот второлигаш Победа, напаѓачот Филип Димоски. Меѓутоа, 26-годишниот прилепчанец со прволигашки квалитети се уште немал донесено конечна одлука околу тоа каде својата кариера ќе ја продолжи. Веројатно ќе се одлучи за една од понудите, бидејќи биле примамливи, претежно прволигашки или од клубови со прволигашки амбиции. Иако прилепските фудбалски симпатизери најмногу од се сакаа тој и натаму да го носи дресот на Победа. Покрај за Победа, има настапувано за Охрид, Детонит од Радовиш.
Зимскиот преоден рок за фудбалерите е од 15 јануари до 11 февруари 2026.