Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски денес беше почесен гостин на Управниот одбор на MATTO (Стопанска комора Македонија-Турција), каде што се сретна со претставници на компании каде се разговораше за економската иднина на Прилеп.
На средбата, Проданоски ги истакна потенцијалите на градот: „Прилеп е стабилна и пријателска деловна средина, отворена за секој кој сака да инвестира. Ние сме подготвени за нови партнерства и заеднички проекти,“ порача градоначалникот.
Разговорите се сметаат за важен чекор кон привлекување нови инвестиции, отворање работни места и економски развој. Проданоски нагласи дека општината продолжува да работи на создавање поволна бизнис-клима и посилна соработка со бизнис-заедницата.



Искрена благодарност упати до комората и до претседателот Ајдован Адемоски, за отвореноста и желбата за унапредување на економската соработка.