Во салата од ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп беше дуелот Мега баскет – Струмица, во 3. коло од плејофот (Топ 8) од Првата лига на Македонија за мажи. Драматичен, интересен меч, со висок квалитет. Се постигнаа и две „тројки“ од голема далечина, 10-11 метри. Како во НБА! Шутевите беа оддалеку бидејќи немаше време, во последната секунда од втората и во последната секунда на третата четвртина. Прво, за домашните, погоди Владимир Враниќ, потоа за гостите прецизен беше Никола Масевски.
И покрај необичниот термин (недела, 20 часот), на трибината во салата имаше солиден број гледачи, коишто дуелот го проследија до крајот, до конечниот резултат 90:98.
Најефикасни: Давид Настески 19, Блажо Митков 18, Владимир Враниќ 14 (Мега баскет) – Јован Александровски 26, Димитар Пандев 18, Никола Масевски 14, Петар Коцев 11 поени.
РЕЗУЛТАТИ: Мега баскет – Струмица 90:98, Вардар – Борец баскет 70:95, Водно санс – Соколи 68:108, Охрид – Бутел 69:116.
ТАБЕЛА: Бутел, Соколи, Струмица и Борец баскет по 15, Мега баскет и Вардар по 13, Водно санс и Охрид по 11.

СЛЕДНО 4. КОЛО (7 март): Борец баскет – Мега баскет, Соколи – Вардар, Струмица – Охрид, Бутел – Водно санс.
ВИДЕО