Скоро 4 и пол месеци има од 1 ноември 2025 година, ден кога последен пат публика имаше на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Тоа беше на првенствениот меч од 10. коло од Втората лига на Македонија, Победа – Шкендија Арачиново 0:1. Потоа, поради казната на ФФМ од 4 меча без гледачи, оттогаш наваму публика имаше, но таа мораше да стои надвор од објектот, на скалите кај старата болница, оттаму да ги гледа тие 4 меча, Победа – Кожуф, Победа – Брегалница Ш., Победа – Новаци и Победа – Преспа. Сега казната помина, тие 4 меча без гледачи се одиграни, па од утре публиката може да се смести на трибините од прилепскиот стадион. Токму сега, во најтешкото, потребна им е поддршка на овие „деца“ од Победа, меѓу кои има и на возраст од 16 години. За противникот доволно е да се каже дека е во борбата за првото место, со освоени само два бода помалку од лидерот Охрид.
ДВОЈКИ ЗА 20. КОЛО (сабота, 14 март, 14.30 часот): Победа – Скопје, Осогово – Големо Коњари, Тетекс – Новаци, Брегалница Ш. – Саса, Вардар Н. – Преспа, Кожуф – Охрид, Шкендија А. – Детонит, Беласица – Слога В.
ТАБЕЛА: Охрид 43, Шкендија А. 42, Скопје 41, Брегалница Ш. 40, Беласица 37, Новаци 36, Детонит 35, Осогово 33, Кожуф 29, Саса и Тетекс по 24, Преспа и Вардар Н. по 12, Победа 11, Слога В. 8, Големо Коњари 4.