Утре, конечно, се отвораат вратите од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, се отвораат за да влезе публиката со платени влезници. Таа публика скоро 4 и пол месеци (133 дена) чекаше да помине казната од ФФМ за 4 меча забрана за публика. По 1 ноември 2025 година, ден кога последен пат публика имаше на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп за дуелот Победа – Шкендија А., се одиграа тие 4 меча дома без гледачи (Победа – Кожуф, Победа – Брегалница Ш., Победа – Новаци, Победа – Преспа), па утре може да се очекува публика за претстојниот меч Победа – Скопје (сабота, 14.30 часот). Публика многубројна, којашто со плаќање на влезниците (100 денари) го помага клубот во најтешкото, дава поддршка за основните, егзистенцијални потреби.
Присуството на навивачите и сите други гледачи многу значи како поддршка за овие „деца“ што играат и на 16 години за Победа и пролетва да учествува во првенството. Прилеп сака силна Победа, а Победа може да е силна само ако прилепчаните се обединат – Управа, Стручен штаб, играчки кадар, компании, публика…
ДВОЈКИ ЗА 20. КОЛО (сабота, 14 март, 14.30 часот): Победа – Скопје, Осогово – Големо Коњари, Тетекс – Новаци, Брегалница Ш. – Саса, Вардар Н. – Преспа, Кожуф – Охрид, Шкендија А. – Детонит, Беласица – Слога В.
ТАБЕЛА: Охрид 43, Шкендија А. 42, Скопје 41, Брегалница Ш. 40, Беласица 37, Новаци 36, Детонит 35, Осогово 33, Кожуф 29, Саса и Тетекс по 24, Преспа и Вардар Н. по 12, Победа 11, Слога В. 8, Големо Коњари 4.