Фудбал

(фото, податоци) ПРИЛЕП: ПОБЕДА ПРОТИВ СКОПЈЕ ОДИГРА СО РЕКЛАМИ НА КОМПАНИИ ПОКРИЕНИ СО ЦРНИНА!!!

Секој првенствен сениорски второлигашки меч за младиот тим на Победа носи некоја новост, ново искуство, не само на теренот, туку и околу него. Денеска, во рамките на 20. коло од Втората лига на Македонија, во Прилеп, на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ Победа одигра против екипата со прволигашки амбиции Скопје, а цело време за време на играта можеше и публиката да забележи дека околу теренот немаше многу рекламни паноа, на компании помагачи на прилепскиот клуб. Се гледаа само неколку, а повеќето беа покриени со црна покривка. Ова е прв меч на којшто има селекција на компаниите, на рекламите околу теренот. Дознаваме дека тоа е направено по идеја на луѓето најблиски на ФК Победа, така што по добиените информации дека некои фирми-компании откако се изјасниле оти нема во иднина да одделуваат финансиски средства за клубот, нивните реклами околу теренот се покриени со црна покривка за да не се гледаат, а обратно – тие од фирмите што се изјасниле дека ќе продолжат и натаму со финансиска поддршка на клубот, нивните реклами останува да бидат видливи за сите присутни во овој објект.

Што се однесува до натпреварот, гостинскиот тим го доби со 0:5 (0:1), но тој резултат можеше да биде многу подобар за домашниот состав, кој од коло во коло видно напредува и му треба поддршка и од компаниите и од гледачите, кои на трибината од прилепскиот стадион се појавија по 133 дена пауза. А дека играта на младата Победа напредува, сведочат и шансите, како и атрактивните удари, од кои можат да се издвојат двете „ножички“ на 19-годишниот Стефан Наскоски.

И денеска за Победа настапија 15 младинци, под ознаката (Мл), од кои најстар е 21-годишниот капитен Давид Дебрешлиоски (роден на 24 август 2004), веднаш до него Марио Тасески (27 август 2004). Најмал од сите е 16-годишниот Ведран Мегленски (8 септември 2009), но истата година родени се Бруно Стефаноски (31 јануари 2009) и Гоце Кузманоски (19 март 2009).

За споредба, најмалиот во Скопје е 19-годишниот Харбин Туша (27 септември 2006), а најстар е 35-годишниот Душко Трајчевски (1 ноември 1990).

СТРЕЛЦИ ПОБЕДА-СКОПЈЕ

РЕЗУЛТАТИ 20. КОЛО: Победа – Скопје 0:5, Осогово – Големо Коњари 2:0, Тетекс – Новаци 2:1, Брегалница Ш. – Саса 3:1, Вардар Н. – Преспа 2:1, Кожуф – Охрид 0:1, Шкендија А. – Детонит 1:0, Беласица – Слога В. 3:0.

ТАБЕЛА: Охрид 46, Шкендија А. 45, Скопје 44, Брегалница Ш. 43, Беласица 40, Новаци 36, Осогово 36, Детонит 35, Кожуф 29, Тетекс 27, Саса 24, Вардар Н. 15, Преспа 12, Победа 11, Слога В. 8, Големо Коњари 4.

ДВОЈКИ ЗА 21. КОЛО (сабота, 21 март во 14.30 часот): Беласица – Тетекс, Слога В. – Шкендија А., Детонит – Осогово, Скопје – Кожуф, Охрид – Вардар Н., Преспа – Брегалница Ш., Саса – Новаци. Недела, 22 март во 14.30 часот: Големо Коњари – Победа.

 

Од категоријата

(фото, видео)ТУРНИР: ВЕСТ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВА САЛА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПОБЕДА СО ДОБАР ТЕСТ ВО СКОПЈЕ И ДАДЕН ГОЛ ОД 20 МЕТРИ!

Зоран Иге

КАКВИ ПОТЕЗИ ЌЕ ИМА ВО ПОБЕДА?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион