И денеска кадетско-младинскиот тим од Победа загуби (4:2 во Виница, од Слога), но како што многупати досега имаме напишано – вреди работата во прилепскиот клуб, вредат тренинзите раководени од Кирил Овезоски, вреди секој меч и покрај поразите. Само низ натпревари се станува фудбалер, а не со неиграње, со излегување од лигата, како што многумина предлагаа. Добивката е кај секој фудбалер во прогресот. Младите се секогаш подобри од меч во меч. Така и денеска. Домашниот состав навистина победи, со 4:2, ама и Победа даде отпор. А голот што го постигна 19-годишниот Стефан Наскоски во 42. минута, е т.н. еврогол. Гол со „ножички“. Може да се види и на видеото. Гледајте и уживајте и не заборавајте дека сите овие играчи од Победа заслужуваат поддршка.
ВИНИЦА

РЕЗУЛТАТИ

ТАБЕЛА Охрид и Брегалница Ш 53, Шкендија А. 52, Скопје 50, Беласица 45, Осогово 43, Детонит 41, Новаци 40, Кожуф 32, Тетекс 30, Саса 28, Вардар Н. 15, Преспа 12, Слога В. и Победа 11, Г. Коњари 7.
СЛЕДНО 24. КОЛО

ВИДЕО (голот е во 42. минута)