Последниот меч од Плејофот (Топ 8) фазата на Првата лига на Македонија, донесе вистинска сензација – аутсајдерот Мега баскет во Прилеп го совлада фаворитот Борец баскет од Велес. Улогите аутсајдер и фаворит беа само врз основа на дотогашниот пласман на табелата, каде велешкиот состав имаше предност од 5 поени пред прилепскиот. Дека Мега баскет има квалитет и таа состојба не е реална, туку е одраз на немањето услови за тренинзи, се виде на овој последен дуел. Гостите од Велес, чии амбиции се влез во погорен ранг – Супер лигата, дури и со Американец во своите редови, 26-годишниот Зион Тимоти Џејмс Јанг, не успеа да ги освои планираните бодови. Резултатот е 88:74 за Мега баскет, а етапно резултатот на семафорот беше 18:20, 39:34, 67:56. Најефикасни во редовите на Мега баскет се: Владимир Враниќ со 26, Роберт Димитриевски со 16 и Александар Јовановски со 15 поени, додека кај Борец баскет најмногу поени (16) постигна токму Американецот Зион Тимоти Џејмс Јанг.



РЕЗУЛТАТИ: Мега баскет (Прилеп) – Борец баскет (Велес) 88:74, Водно санс – Бутел 78:100, Вардар – Соколи и Охрид – Струмица денеска.
ТАБЕЛА: Соколи, Струмица, Бутел и Борец баскет 23, Мега баскет 19, Вардар 18, Охрид и Водно санс 16.
Претстои пауза и одмор за сениорите на Мега баскет, додека младинците продолжуваат во Плејофот.


