На Европското првенство во футсал за ученици до 18 години во Бања Лука, Република Српска, лошо второ полувреме во четвртфиналниот меч на македонскиот шампион, екипата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп. Со претставникот од Унгарија, петтопласиран на Светско првенство, доживеан е висок пораз од 1:10 (стрелец Давид Паскоски), пред се поради лошото второ полувреме. Како што дознаваме, на две минути пред крајот на првиот дел резултатот бил нерешен, 1:1, а била промашена добра шанса за наше водство. До одморот набрзина биле примени три гола, потоа уште шест.
Прилепската екипа и натаму останува на Европското првенство, ќе игра за пласман од 5 до 8 место.