Првенството од Втората лига на Македонија е при крај, останува да се одиграат уште две кола. Токму во ова денешно 29. коло се и двата последни меча како домаќини на прилепските претставници во ова натпреварување.
На Градскиот стадион „Гоце Делчев“ ослабениот состав на Победа (поради настап на првотимци на Европското првенство во футсал во Бања Лука, каде е освоено 7. место) го очекува дуел со Вардар од Неготино. Сепак, нова можност за искуство на прилепскиот кадетско-младински тим.
На игралиштето во Големо Коњари домашниот истоимен состав го очекува меч со амбициозниот тим Скопје. Гостите освен триумф и три нови бода ништо друго не ги интересира. Затоа претстои нова голема борба на овој терен.
Денешните натпревари се од 16.30 часот.
ТАБЕЛА: Брегалница Ш. и Скопје 65, Шкендија А. 63, Охрид 62, Осогово 53, Беласица 52, Новаци 50, Детонит 49, Кожуф 42, Тетекс и Саса 36, Вардар Н. 19, Преспа 15, Слога В. 12, Победа 11, Г. Коњари 7.