Фудбал

ПРИЛЕП: ТРИ ОПЦИИ ВО ВРСКА СО ФК ПОБЕДА!

Иако е лето, секој ден прилепчаните прашуваат што ќе се случи со нивниот најомилен спортски клуб, Фудбалскиот клуб Победа. А одговор нема, ниту соопштение, ниту изјава. Сепак, низ градот  има неколку варијанти што можат да се слушнат како можни опции.

Првата е – задржување на сегашниот клуб Победа, клуб којшто има место во Регион 4, во третолигашки ранг со седиште во Прилеп. Сопственици на клубот се скопјани, т.е. Јана и Сашко Попоски. Тие имаат 70 % од клупските акции. Меѓутоа што конкретно тие ќе направат со нивните најблиски соработници треба да се види, да се почека. Тие имаа контакти со Општина Прилеп со надеж дека ќе добиваат и натаму поддршка оттаму.

Втората опција е – формирање нов клуб Победа со додавка во името. Во иницијаторите може да се слушне низ градот дека се некогашни фудбалери со насобрано искуство. Што ќе направат и тие не е познато, туку има само претпоставки дека ќе одат на фузија ако може, фузија со некој третолигаш, а целта е побргу да се напредува кон третолигашкиот, второлигашкиот и прволигашкиот ранг. И овој клуб барал поддршка од Општина Прилеп, според она што се слуша меѓу народот.

Постои и трета опција, за реактивирање на некогашниот клуб Победа, клуб којшто излегуваше и во системот од УЕФА, но засега најмногу се спомнуваат првите две, така што треба да се причека официјално известување за јавноста, за да се знае што ќе се случува по неодамнешното отпаѓање на ФК Победа АД во третолигашкиот ранг, Централниот фудбалски регион 4.

Народот нема јасна претстава и покрај тоа што од летниот Преоден рок поминаа четириесетина дена, а до почетокот на новата сезона остануваат уште отприлика уште толку, можеби и помалку.

Првата

Од категоријата

РЕВАНШ НЕМА – ДЕНЕСКА Е БИТКАТА ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА ПОБЕДНИЦИТЕ ОСТАНУВААТ ДО КРАЈОТ!

Зоран Иге

(видео) ГОЦЕ ОД АВСТРАЛИЈА: ДА СОБЕРЕМЕ ПОМОШ ЗА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ОД ЦЕЛ СВЕТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион