Станува збор за клубот Ултрас, клуб којшто е највисокопласираниот од ОФС Прилеп во рамките на Третата лига – Југ. Во претходното првенство го освои 4-то место меѓу 14 екипи. Ултрас освои 39 бода, преку 12 победи, 3 нерешени и 8 порази. Повисоко беа само три тима – Борец (Велес) со 61 бод, Превалец (од Превалец) со 53 и Венец (Долни Дисан) со 46. Прилепскиот клуб во следнава сезона има намера да оди уште повисоко, на табелата од Регионот 4 и затоа навестува позитивни новости: нов тренер, нови 4-5 искусни играчи, нови 2 млади играчи… Најверојатно тие новости ќе се случат по 2 Август, по празникот Илинден.
Во врска со клубот Ултрас потсетуваме дека првиот човек претседателот Влатко Ингилизов до него имаше уште неколкумина блиски, како Јовица Обрадовиќ, Зоран Ристески, Мартин Ѓорѓиоски… На последниот првенствен натпревар, на 10 мај со крушевскиот Питу Гули (2:1) за прилепскиот клуб одиграа овие играчи: Методиј Наумоски, Бобан Митрески, Никола Илиоски, Бобан Тошески, Мартин Трајкоски, Христи Мицески, Благојче Јорданоски, Дино Варошаноски, Давор Ристески, Кирил Тасески, Јосиф Стојчески, Даниел Богојевски, Ангел Мирчески, Славчо Стојчевски и Дарко Трајкоски.
Во врска со Централниот регион 4 се знае дека е со седиште во Прилеп, а се уште нема одлука колку екипи ќе бидат учеснички и кои ќе бидат тие.
