Едно пријатно изненадување за љубителите на фудбалот од Прилеп – в недела (13 јули) во 17.30 часот на Градскиот стадион „Гоце делчев“ има пријателски меѓународен меч. Ривали се: македонскиот прволигаш Брера од Струмица и австрискиот клуб Фав АЦ од Виена. Австрискиот клуб го води прилепчанецот Илчо Наумоски, истакнат некогашен македонски репрезентативец, па веројатно оттука идејата дуелот да биде токму во Прилеп. Првично беше понудата за меч со Победа, но таа варијанта отпадна, бидејќи прилепскиот второлигаш нема почнато со подготовки.
- Ние во Струмица, тие во Охрид, па Прилеп е некако прифатливо место за двата тима. Слушаме дека и теренот е одличен тука. Ова е прв пријателски меч за нас летово – ни рече Панче Стојанов, шеф на Стручниот штаб на Брера.
Претходно Фав АЦ имал подготовки во Охрид.