И денешниот ден (понеделник) изминува без новост во врска со очекувањата за најавената битна промена во Фудбалскиот клуб Победа. Додека се чекаат клупски информации, доаѓаат неофицијални вести за заминувања на фудбалерите. Досега за заминати се зборува дека се Иван Николоски (Шкупи), Антонио Шемкоски (Големо Коњари), Метин Ќерими (?), Јусуф Каба (?), Бојан Ивчески (Кожуф), Леонид Кофиловски (Охрид), а последен што решил да го напушти клубот е Давор Богевски (Слога Виница).
Богевски веќе одиграл пријателски меч за Слога Виница, тим во кој се уште тројца прилепчани: Антонио Столевски, Давид Дебрешлиоски и Никола Талески.