На игралиштето со вештачката трева во Прилеп по дождливо време се одиграа два меча на прилепска Победа и струмичка Беласица од 10. коло на младинските категории во Втората лига.
Во кадетска конкуренција со 3:1 победи Победа. Стрелци: Матеј Талески 39., Брено Стефаноски 42., Ведран Мегленски 70. (Победа) – Кристијан Митров 6. (Беласица). На табелата прв е гевгелиски Кожуф со 24 бода, а Победа е на 4. место со 16. Идното коло е на 22 ноември: Шкендија А. – Победа.
Во младинска конкуренција Победа – Беласица 2:2. Беласица поведе со 0:2 преку Осман Томе во 27. и Стефан Велев во 39., а пресврт се случи во второто полувреме за 2:2 преку домашните Трене Тренески во 52. и Стефан Наскоски во 92. На табелата Беласица е прва со 23 бода, а Победа е на 5.место со 17. И овде следното коло е на 22 ноември, Шкендија А. – Победа.