Денеска е првиот работен ден по доаѓањето на Божик, а токму од денеска натаму е најавено дека ќе се случи нешто ново во Фудбалскиот клуб Победа, второлигашот. Не само што е најавено, туку тоа е и потврдено од блиски луѓе на клубот. Според тоа, можеме да очекуваме нешто ново, нешто крупно, некоја крупна одлука и слично. Дали тоа нешто ново ќе биде во врска со раководството, дали со вработените, дали со стручниот кадар, дали со играчкиот кадар – останува да причекаме и да видиме. Новоста или новостите ќе бидат први по подолго време, по 29 ноември и првенствениот меч дома со штипска Брегалница.
Прилепските фудбалски приврзаници во пресрет на новостите се поделени – во многу помал број очекуваат нешто негативно, а во многу поголем број се тие што очекуваат нешто крупно и – позитивно!