Во Ајндховен, Холандија, се одржа голем меѓународен џудо-турнир со учество на 17 држави, 272 клуба, 1.528 натпреварувачи. Во категоријата до 57 килограми беа 53 натпреварувачки, меѓу нив сестрите од Прилеп, членки на клубот Сеишин, Тамара Илиоска и Теодора Илиоска. Вредно е тоа што беа единствени џудистки од Македонија, а мошне значајно и тоа што достојно се претставија, на сите ривалки им дадоа отпор.
Тамара имаше борба со џудистка од Холандија, репесаж-борба со ривалка од Германија. Сестра и Теодора во првото коло слободна, во второто против Холанѓанка, во третото репесаж-борба со Германка.
Иако не е освоен пласман, учеството на ваков силен и масовен турнир е огромно искуство, важен чекор во натпреварувачкиот развој, а и значајна промоција на македонското џудо.
„Ова е само почеток“, најавуваат од клубот Сеишин.