Во салата од ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп два дена имаше пингпонгарски дуели од Петтиот меѓународен меморијален турнир „Илија Карески – Каре“, чии организатори се Пингпонгарскиот клуб „Младост 96“, Пингпонгарската федерација на Македонија, со поддршка на Општина Прилеп. Подолу се категориите и редоследот на пласманите.
У 13 женски: Калина Митева (Пелагонија, Битола), Натали Бејковска (Пелагонија, Битола), Панајота Тескари (Сарисис, Лерин, Грција), Ива Трајковски (Пелагонија, Битола).
У 13 машки: Благој Ѓорчески (Крушево), Марко Макаријоски (Пелагонија, Битола), Илија Ѓорчески (Крушево), Александар Дамјановски, 10 60 АС Ѓорче Петров (Скопје).
У 15 женски: Натали Бејковска (Пелагонија, Битола), Калина Митева (Пелагонија, Битола), Андреа Гаралоска (Младост, Прилеп), Ива Трајковски (Пелагонија, Битола).
У 15 машки: Кристијан Митев (Пелагонија, Битола), Трајче Маркоски (Младост 96, Прилеп), Огнен Илиески (Младост 96, Прилеп), Мартин Ристески (Полиоспорт, Прилеп).
У 19 машки: Дарко Китановски (Пелагонија, Битола), Кристијан Митев (Пелагонија, Битола), Андреј Стојановски (10 60 АС Ѓорче Петров, Скопје), Давид Јоноски (Младост 96, Прилеп).
Сениори: Филип Младеновски (Шампион ФА, Штип), Венко Стојанов (Радовиш), Дарко Китановски (Пелагонија, Битола), Нико Доага (Младост 96, Прилеп).
Ветерани 40-49: Филип Младеновски (Шампион ФА, Штип), Сашо Љамов (Скопје), Златко Рикалоски (Младост 96, Прилеп), Сашо Стојановски (10 60 АС Ѓорче Петров, Скопје).
Ветерани 50-64: Сашо Љамов (Радовиш), Зоран Јованоски (Младост, Прилеп), Вили Ангелов (Борец тим, Велес), Горазд Ристовски (Студент, Скопје).
Ветерани 64+: Зоран Јованоски (Младост, Прилеп), Трајче Унчев (Борец тим, Велес), Спире Спиркоски (Прилеп).
Блесна со два пехара штипјанецот Филип Младеновски, победник во сениорска конкуренција, но и кај ветераните од 40 до 49 години, каде имаше право да учествува со оглед на тоа што има 41 година – роден е на 12.11.1984 година. Меѓутоа, има и други јунаци. Го издвојуваме 66-годишниот прилепчанец Зоран Јованоски, тренер, меѓународен судија, а овде играч во две ветерански категории, со освоени два медала и пехар. Во финалето од 50 до 64 години против себе имаше помлад ривал со 8-9 години (Зоран Јованоски 24.10.1959 – Сашо Љамов 3.2.1968).
Докрај имаше голема борба. Покажува и резултатот 3:2. Не се малку 9 години разлика. Ама старава гарда се уште не се даваме – порачува Јованоски.
ПЛАКЕТА
Од Пингпонгарскиот клуб Младост 96 секоја година се доделува плакета за долгогодишен придонес во пингпонгот. Овојпат такво признание доби Златко Иваноски – Цефи, прилепчанец, познат по успесите уште од времето пред повеќе децении.
Клубот Младост 96 е предводен од Марјан Матракоски, клупски претседател и Златко Рикалоски, потпретседател на Пингпонгарската федерација на Македонија..