Одиграни се мечевите од 9. коло на Општинската квалитетна лига на ОФС Прилеп. Интересен натпревар е во Забрчани, Кадица 1965 – Козара Заполжани 8:3. Дури 11 гола, а домаќинот Кадица 1965 (на насловната фотографија) иако без ниедна резерва постигна 8.
Лидерот на табелата Стрела 21 од Ерековци службено го доби дуелот дома со Братство од Големо Коњари, бидејќи гостинскиот тим не се појавил на теренот.
Во борбата за првото место се два тима: Стрела 21 од Ерековци и Кадица 1965 од Забрчани.
ОПШТИНСКА КВАЛИТЕТНА ЛИГА НА ОФС ПРИЛЕП 9. КОЛО:
Стрела 21 – Братство Големо Коњари 3:0 (службено)
Гарван Десово – Црвена ѕвезда Сенокос 3:1 (Арнел Беќировиќ, Емран Имероски 2 – Васко Попоски)
Кадино – Динамо Мажучиште 2:1 (Петар Митрески, Миле Талески – Славе Тодороски)
Кадица 1965 – Козара Заполжани 8:3 (Христијан Митрески, Благојче Митрески 2, Рубинчо Велески 4, Бобан Крстески – Виктор Ристески 3)
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 10. КОЛО (недела, 29 март, 10 часот)
Братство Големо Коњари – Кадица 1965
Козара Заполжани – Кадино
Динамо Мажучиште – Гарван Десово
Црвена ѕвезда Сенокос – Стрела 21