Одиграни се мечевите од 9.коло на Општинската Б-лига на ОФС Прилеп. Изненадување може да се смета резултатот во Канатларци: Канатларспор – Корзо 2016 0:3. Претпоследната екипа на табелата, Корзо 2016 од Прилеп го совлада лидерот на табелата Канатларспор и тоа на неговиот терен во Канатларци. И не само што го совлада, ами резултатот е висок, 0:3.
Ова го искористи Братство 07 од Житоше за со триумфот дома врз Прилеп сити да се искачи на врвот од табелата.
ОПШТИНСКА Б-ЛИГА НА ОФС ПРИЛЕП 9. КОЛО:
Канатларци – Партизан Обршани 2:3 (Хусејин Мемишоски, Шенол Ибраимовски – Петар Кромидоски, Никифор Ујгуноски, Антонио Николоски)
Братство 07 – Прилеп сити 6:1 (Џенан Идризовиќ 2, Ељмер Османи, Леутрим Бафтироски, Онур Имероски 2 – Андреј Јолески)
Боротино – Пролетер Прилеп 3:0 (службено, гостите не допатуваа)
Канатларспор – Корзо 2016 0:3 (Менде Стојкоски, Деан Ристески, Дамјан Преспаноски)
ТАБЕЛА
СЛЕДНО 10. КОЛО
Сабота, 28 март
13.30: Прилеп сити – Канатларци
15.30: Партизан Обршани – Канатларспор
15.30: Корзо 2016 – Боротино
Недела, 29 март
13.00: Пролетер Прилеп – Братство 07