По одиграниот бараж-меч за статусот фудбалски второлигаш, Големо Коњари – Тетекс 2:2 (3:5 на пенали), има реакција од Големо Коњари. Оттаму сметаат дека се оштетени во судењето, има спорни ситуации:
– Најпрво честитки до нашата екипа која беше оштетена од судиите со црвен картон и неколку непостоечки офсајди. Браво момчиња, го оставивте срцето на терен и докажавте како се игра против сите. Честитки и до противничката екипа за влезот во Втората лига. Погледнете само една од спорните ситуации, кренат офсајд за 1-0 – велат од ФК Големо Коњари.