Средбата на фудбалери од Победа поврзани со сезоната 1987/88 беше можност да се оствари уште еден интересен разговор. Пред нас беа голманот Зоран Мицевски од Демир Хисар и стоперот Љупче Милевски од Битолско. Впрочем, како и за сите други од тоа време, станува збор за одлични фудбалери и најпријатни, прекрасни соговорници.
– За мене беше чудно на тренинг да не следат две до три илјади гледачи. На првиот меч кога ми соопшти тренерот Кирил Анески дека ќе бидам дел од тимот, во Белград со 3:2 го победивме големиот ОФК Београд. Иако резерва, толку голема радост чувствував, како дел од тој голем успех, нешто што никогаш не се заборава – вели Милевски.
– Речиси без ниеден професионален тренинг дебитирав дома со Раднички од Пирот. Под голема трема првиот дегажман ми беше во аут, во публиката. Меѓутоа публиката ме поддржа со аплауз, ме поткрена, како да добив крилја и одбранив зицер-шанса за гостите. Така победивме со 2:1, а јас бев играч на натпреварот – потсетува Мицевски.
Подолу на видеото е комплетниот разговор
ВИДЕО