Веќе 4 кола се одиграни во ракометното првенство на Израел, каде во дресот на Макаби од Димона настапува прилепчанецот Христи Бикоски, лево крило. Совршено е вклопен во амбициозната средина.
– Ова е сериозен проект во кој се вложува многу. Во следните две-три години целта е влезот во највисокиот ранг, Првата лига. Тоа ми се допаѓа и затоа се договорив веднаш со Управата на клубот, а и тренерот ме прифати, така што задоволен сум. Работиме во комплекс којшто вклучува се што му треба на еден спортист за напредок – јавува Бикоски.
На Бикоски му е прво интернационално искуство. Токму во Макаби од Димона, град со 35 илјади жители.
– Прекрасен град. Полека се развива ракометот. Целта е да го развиеме на што повисоко ниво. Дел сум од проектот и сум среќен. Подготвен сум за предизвици.
Некогаш Израел се спомнува во контекст на војна, но таа во овој случај е држава за мир, за спорт. Само тие позитивни впечатоци се кај Бикоски.
– Од јануари сум тука. Стан, храна, се е супер. Сериозна држава со сите можности за спортист. Мир владее насекаде. Публика, се е нормално, спортот е на врвно ниво. И јас досега супер одиграв со голови од левата крилна позиција.
Првенството трае до април, а Макаби Димона е на третата позиција на табелата меѓу 11 тима.