Фудбал

ПРИЛЕП: НЕМА НИКАКВА ПОЛИТИКА, СЕ Е НАЈЧИСТО ВО СОБИРИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА ФК ПОБЕДА, КАКО И ДЕНЕСКА (САБОТА, 7 ФЕВРУАРИ)!!!

Во центарот на Прилеп, кај Јарболот, и за денеска (сабота, 7 февруари) за точно напладне (12 часот) најавен е собир на фудбалските љубители, приврзаниците на Фудбалскиот клуб Победа. Јарболот, всушност, е само зборно место, почетно место за собирање, а потоа можно е оттука да се посети некоја институција и сл. Низ градот Прилеп се дискутира за собирот, а некои мислат дека претходните собири не беа масовни оти се раширила шпекулација дека секој што присуствува на тие собири е политички определен и таква политичка е намерата на сите во групата. Во врска со ова веднаш може од секого да се добие демант – на собирите нема никаква политика, се е кристално чисто, се е 100 проценти фудбалско, се дава само поддршка на постоењето на сегашниов ФК Победа, а се упатува несогласување со неговото згаснување. Се е чисто, најфудбалско и секоја друга карактеристика за собирот е само обид тој да не успее. За денеска (сабота, 7 февруари) се смета оти ќе биде најмасовен, бидејќи е петти по ред, во неработен ден и во сабота – пазарен ден, а и Бог помага со топлината и Сонцето преку целиот ден.

Значи, сите (жени, мажи, стари, млади) што не можат да го замислат Прилеп без Фудбалскиот клуб Победа,  што не се согласуваат со ова што се случува – денеска во 12 часот се добредојдени кај зборното место Јарболот, во центарот на Прилеп.

 

Од категоријата

(фото) ПРИЛЕПСКОТО ДЕРБИ СО ЦРВЕН КАРТОН И СО ПЕТ ГОЛА!  

Зоран Иге

И ПРИЛЕПЧАНИ СО УЕФА А-ЛИЦЕНЦА!

Зоран Иге

(видео) ФК ПОБЕДА ПРИЛЕП: ШТО ДА СЕ ОЧЕКУВА ОД НОВИОТ УПРАВЕН ОДБОР, ОД СПОРТСКИОТ ДИРЕКТОР СТОЈКОВИЌ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион