Фудбал

(видео) МОЖЕ ЛИ ОВАА СЛОГА ДО ВРВОТ?

Во Третата фудбалска лига – Југ за прв фаворит важи доскорешниот прволигаш Борец од Велес, до неделата за најголем негов конкурент се сметаше прилепски Ултрас, но по дербито во Прилеп, Ултрас – Слога 1:4 (Христијан СвртиновскиМузафер Алиоски 2, Белмин Кујовиќ, Адмир Угљанин), нов кандидат за највисок пласман е екипата од Лажани. Не само поради победата, туку и според играта и големиот број создадени шанси, а и високиот резултат. Може ли Слога до врвот од табелата, до првото место? Претходно во Кривогаштани одигра 2:2 со Младост, потоа дома 1:1 со Борец.

– По откажувањето на третолигашот Црнилиште и второлигашот Братство од Житоше, Слога ја искористи приликата и состави тим од искусни играчи што биле во Прва и Втора лига, како и млади, желни за докажување. Оваа сезона амбицијата е да се бори, да биде меѓу првите места во Третата лига. За жал, тука се проблемите – не само финансиски оти сме заборавени од ФФМ, ами и како играчи кои имаат потенцијал, но не им е дадена шанса во повисок ранг – вели Белмин Кујовиќ.

Слога има шанса да влезе во победоносна серија, со оглед на тоа што в недела игра дома со Локомотива од Градско, потоа на гости во Бучин.

ВИДЕО СО ГОЛОВИТЕ НА ЛИНКОТ:

Од категоријата

(фото, состави) ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ, А БОРБА КАКО ЗА БОДОВИ И СО ЦРВЕН КАРТОН ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ШАНСА ДА ПОБЕДАТ, ПО СЕДУМ-ОСУМ НЕУСПЕСИ!

Зоран Иге

ЛИДЕРОТ ЕМ ЗЕМА БОДОВИ, ЕМ СИ ЗГОЛЕМУВА ГОЛ-РАЗЛИКА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе