Фудбал

(ФОТО+ВИДЕО+СОСТАВИ) ЏЕК ПОБЕДИ ПРЕД ПРЕПОЛНА ТРИБИНА ВО ПРИЛЕП!

Екипата Гостилница „Кај Џек“ од Скопје е победник на десеттиот Хуманитарен турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп. Во финалето со 3:1 е совладана екипата Скара на кило „Кај Кусио“ од Прилеп. Беше меч во кој уживаше публиката што ја преполни салата од ОУ „Добре Јованоски“. Прилепскиот тим иако во првиот дел упати пет-шест опасни удари, голманот Мирко Соколов сите ги одбрани. Гостинскиот тим искористи две шанси, преку Јакуп Рамадан во 7. и Зоран Левески во 13. минута за водство од 2:0.  Се разви голема борба. Домашните настојуваа да возвратат, но топката не сакаше до целта. Во 16. минута црвен картон доби Дарко Анѓелески.

Во второто полувреме голем атак кон гостинскиот гол, но голманот бранеше одлично, а и пречката беше гаѓана. Прилепчаните одеа на се или ништо, сите во напад. Така, противникот ја сочека шансата за контра и во 36. минута зголеми на 3:0 преку Харис Омеровиќ. Возбудувањата не завршија тука, бидејќи во 38. минута Дарко Илиески намали на 3:1, а следната минута имаше пенал за прилепската екипа. Голманот го одбрани. Така, победник на финалето кое го судеа Горан Спиркоски и Иле Мишески, е тимот Гостилница „Кај Џек“.

ГОСТИЛНИЦА КАЈ ЏЕК: Мирко Соколов, Зоран Левески, Марио Ангелески, Јакуп Рамадан, Харис Омеровиќ, Стефан Димовски, Марио Благоевски, Христијан Марковски, Елези Незири.

СКАРА НА КИЛО „КАЈ КУСИО“: Давор Талески, Дарко Илиески, Марио Наумоски, Ице Каракамишев, Мартин Ристевски, Пепи Ѓорѓиев, Дарко Анѓелески, Марјан Радески, Раде Ристенски, Дарио Наумоски.

Натпреварот за 3. место не се одигра и службено го доби Гостилница „Кај Мече“од Охрид, додека 4. место е за Виталија Ветаџока Стара фурна од Прилеп. Најфер екипа е Пролетер, најдобар голман Мирко Соколов (Гостилница „Кај Џек“), најдобар стрелец  Пепи Георгиев (Скара на кило „Кај Кусио“), најдобар играч Јакуп Рамадан (Гостилница „Кај Џек“).

 Благодарници добија тројца најредовни посетители на турнирот: Ана Стојаноска – Талеска, Зоран Николов и Страшо Митрески.

По доделувањето на пехарот и главната награда, градоначалникот д-р Борче Јовчески со свое обраќање го затвори турнирот „Свети Никола“.

БЛЕСОК НА ВЕТЕРАНИТЕ

Одлично издание на некогашните прволигашки фудбалери и репрезентативци, сега ветерани. Иако некои од нив имаат и над 50 години, со убави дриблинзи, додавања и шутеви пријатно ја изненадија публиката. Пелистер со 3:2 ја совлада Победа. Стрелци:  Тони Мицевски 2, Ванчо Мицевски (Пелистер), а Тони Мегленски и Тони Наумоски (Победа),

ПЕЛИСТЕР: Горан Пашоски, Сашо Здравевски, Тони Мицевски, Горан Ставревски, Ванчо Мицевски, Александар Делов, Владе Петковски, Игор Момировски, Златко Деловски.

ПОБЕДА: Далибор Рајевиќ, Александар Крстески, Небојша Стојковиќ, Тони Мегленски, Марјан Нацев, Тони Наумоски. Присутни беа уште: Јане Николоски, Ристо Глигороски, Иван Мечев, Рубин Ѓорѓиоски и Љупчо Макалоски.

Од категоријата

(аудио) НИКОЛОСКИ: КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ПОБЕДА, ПРОРАБОТУВААТ ЕМОЦИИТЕ!

Зоран Иге

(фото, резултати, стрелци) УЛТРА-ПРЕСВРТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ОВДЕ ВРИЕ ОД ПУБЛИКА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе